Македонската фудбалска јавност денеска е длабоко потресена од веста за смртта на Васил Рингов, еден од најголемите великани на нашиот фудбал. Легендарниот фудбалер почина по кратко боледување, на 70-годишна возраст.
Последното збогување со Васил Рингов ќе се одржи утре, 24 декември, со почеток од 13 часот, на гробиштата во скопската населба Ѓорче Петров.
Рингов засекогаш ќе остане запаметен како симбол на златната ера на Вардар, со кој ја освои шампионската титула во поранешна Југославија во 1987 година. Роден во Струмица во 1955 година, своите први фудбалски чекори ги направи во Беласица, по што кариерата го однесе во редовите на Партизан, Тетекс и Вардар – клубот во кој го остави најсилниот и најтрајниот белег.
Во дресот на „црвено-црните“ одигра повеќе од 200 првенствени натпревари и постигна 93 погодоци, со што се вброи меѓу најголемите легенди во историјата на клубот. Во текот на кариерата имаше и кратки авантури во Динамо Загреб, како и во германскиот Ајнтрахт Брауншвајг.
Со заминувањето на Васил Рингов, македонскиот фудбал изгуби име кое ќе се памети и почитува засекогаш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Фулкруг го разби бункерот на Лече
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг













