Милан и Интер одиграа без победник (1-1) во првото полуфинале од Купот на Италија, оставајќи го прашањето за финалистот отворено пред реваншот на 24 април.
Дербито на „Сан Сиро“ започна внимателно, без многу возбудувања во првото полувреме. Милан ја имаше првата сериозна закана преку Тео Хернандез, но неговиот удар заврши непрецизно. На спротивната страна, Стефан де Фрај можеше да го доведе Интер во водство, но Тами Абрахам го расчисти ударот од гол-линијата.
Во второто полувреме, Милан прв стигна до водство. Во 48. минута, Тами Абрахам со фантастичен прием ја измами одбраната на Интер и со неодбранлив удар донесе водство од 1-0.
Сепак, радоста на „росонерите“ не траеше долго. Во 67. минута, Хакан Чалханоглу со својот препознатлив удар од далечина го матираше Мајк Мењан и донесе израмнување за Интер.
До крајот, двата тима имаа шанси за победа, но резултатот остана непроменет. Милан и Интер сега ќе се подготвуваат за реваншот на 24 април, кој ќе одлучи кој ќе игра во големото финале.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бодо/Глимт го тресна Манчестер Сити
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













