Connect with us

Подвигот на Столе Димитриевски не се случил половина век

Столе Димитриевски е херојот на Рајо Ваљекано, успеа да ја одбрани својата мрежа на „Камп Ноу“ против Барселона, и тоа го стори вторпат по ред. Со своите одбрани ги излуде Левандовски, Рафиња, Дембеле, Ансу Фати, Обамејанг, кои се обидуваа да постигнат победнички погодок за каталонскиот тим.


Димитриевски направи вистинско спортско чудо. Тој е само четвртиот голман во историјата кој успеал на две гостувања по ред на „Камп Ноу“ да остане несовладан против Барселона. Такво нешто се нема случено буквално половина век, од 1972 година.

Во историјата на шпанскиот фудбал само три голмани пред Димитриевски успеале двапати по ред на „Камп Ноу“ да имаат „мирна мрежа“ против Барселона, и тоа Еснаола со Реал Мадрид во 1967/68 и 1868/69, легендарниот Ирибар со Атлетик Билбао во 1970/71 и 1971/72 и Дуесто со Малага во 1971/72 и 1972/73.

Димитриевски е четвртиот голман, а прв по пауза од половина век.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови