Кристијано Роналдо веќе е информиран дека селекторот на Португалија, Жорге Жезус, сака да го повика во репрезентацијата во ноември.
Селекторот сака да ги остави зад себе сите несогласувања со капитенот и да му даде можност повторно да го облече дресот на националниот тим. Роналдо веќе ја знае одлуката на Жезус.
Несогласувањето меѓу Кристијано Роналдо и Жорже Жезус ескалираше на 30 септември, еден ден пред натпреварот на Португалија против Данска. Оттогаш неизвесно е продолжувањето на репрезентативната кариера на 41-годишниот напаѓач, особено по начинот на кој го напушти репрезентативниот камп.
Роналдо го напушти тимот на Португалија и од Копенхаген замина за Мадрид, а во неделата од шпанската престолнина отпатува за Саудиска Арабија.
Сепак, според информациите на „А Бола“, Жорге Жезус не сака дополнително да ја продлабочува напнатоста и има намера проблемот да го реши уште во ноември. Роналдо веќе знае дека селекторот сака да го повика за последните два натпревари од групната фаза на Лигата на нации, на 14 ноември против Данска во Брага и на 17 ноември на гости против Велс.
Жезус смета дека местото на Кристијано Роналдо е во репрезентацијата и не сака да се откаже од неговиот придонес.
„Доколку Роналдо сака дефинитивно да се повлече од репрезентацијата, тој самиот ќе мора да го направи тој чекор. Жорге Жезус не сака да се откаже од услугите на капитенот и планира повторно да го повика, со што би покажал дека несогласувањето е надминато“, пишува „А Бола“.
Ситуацијата веќе предизвика поделби меѓу португалските навивачи. Токму затоа Жорге Жезус не сака да биде запаметен како селекторот кој ќе биде одговорен за крајот на репрезентативната кариера на Роналдо. Тој е подготвен повторно да го повика напаѓачот, со цел португалската ѕвезда да добие можност да има достоинствен крај на својата репрезентативна кариера, со оглед на сè што постигна со националниот тим.
Како што веќе објави „А Бола“, Жорге Жезус е подготвен да учествува и на средба за помирување, која би ја организирал Португалската фудбалска федерација со цел да се надминат сите несогласувања меѓу селекторот, фудбалерот и федерацијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













