Connect with us

Почна продажбата на билети за СП во Катар: Најевтините се 60 евра, а за финалето – 1.500 евра

И покрај тоа што почетокот на Светското првенство во Катар е закажан за повеќе од десет месеци, ФИФА одлучи да го пушти првиот контингент билети за престижното натпреварување.


Во моментов тие можат да се купат исклучиво преку официјалната веб-страница на ФИФА, до 8 февруари, а подоцна треба да се објави колку билети ќе одат во националните федерации, таа бројка треба да се утврди според епидемиолошката состојба.

Исто така, ситуацијата со коронавирусот ќе диригира колкав капацитет ќе биде пуштен во продажба на стадионите за време на самото првенство.

Во моментов е познато дека најевтиниот билет ќе чини околу 10 евра, што е најповолно од Светското првенство во Мексико во 1967 година, но ќе бидат само за жителите на Катар, како и за луѓето кои учествуваа во изградбата на стадионите за ова натпреварување.

Од друга страна, оние кои ќе се одлучат да отпатуваат во Доха за да ја следат својата репрезентација, ќе побараат билет по цена од 61 евро, што е за околу 30 евра помалку од претходното првенство, одржано во Русија во 2018 година.


Останатите билети, пак, не се толку поволни, па за финалето ќе треба да се издвои сума од дури 1470 евра, наспроти 970, колку што беше пред четири години во Москва.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови