Connect with us

Почина српскиот тренер Милорад Косановиќ

Српскиот фудбалски тренер Милорад Косановиќ почина денеска, на свои 75 години, по кратко боледување и на денот на својот роденден.

Роден на 4 јануари 1951 година во Шидски Бановци, Косановиќ својата фудбалска кариера ја започнал во Борово. Во 1971 година се преселил во Шведска, каде со Малме освои три трофеи. Во текот на кариерата настапувал и за Пролетер од Зрењанин, Војводина и Нови Сад, каде и ја завршил играчката патека во 1983 година.

Како тренер, Косановиќ ја започнал кариерата во Војводина, која ја водел од 1992 до 1995 година. Подоцна, во два наврати, од 1997 до 1998 и во 2007 година, ја предводел Црвена Звезда. Работел во бројни клубови во Србија и во странство, а последниот ангажман го имаше во Лучани во 2023 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови