Connect with us

Почина легендарниот Франко Барези

Фудбалскиот свет остана без една од најголемите легенди на Милан, откако на 66-годишна возраст почина Франко Барези. Тажната вест ја соопштија од италијанскиот гигант.

Барези беше вистински симбол на „росонерите“. Производ на младинската академија на Милан, тој никогаш не го промени клубот и целата своја професионална кариера ја помина на „Сан Сиро“, настапувајќи за првиот тим од 1977 до 1997 година.

За многумина, токму Барези е најголемата клупска легенда во историјата на Милан. Покрај незаборавните настапи во црвено-црниот дрес, одигра повеќе од 80 натпревари и за репрезентацијата на Италија.

Во својата богата кариера освои шест шампионски титули во Серија А, три трофеи во Лигата на шампионите, а во 1982 година стана и светски првак со италијанската репрезентација, оставајќи неизбришлива трага во светскиот фудбал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови