Connect with us

Почина фински фудбалер кој имал проблеми со депресија

Нова трагична вест во светот на фудбалот. Финските медиуми потврдија дека Рони Пеипонен, некогаш големата надеж на фудбалот во таа земја, починал на 25 години.


Информацијата ја потврди неговото семејство, а причините се уште не се познати.

Пеипонен претходно за финските медиуми зборуваше за тоа дека имал големи проблеми со депресијата, а кариерата ја заврши на само 23 години.

„Поради ужасниот стрес не можев да спијам правилно, а во исто време знаев колку ми е важно спиењето за да се опоравам од тренинзите. Стана круг од кој не можев да излезам…“, изјави тогаш Пеипонен.

На крајот на летото 2020 година, тој го раскина договорот со Хелсинки и беше јасно дека ништо нема да дојде од голема кариера.

„Луѓето ми помогнаа многу. Никогаш не би излегол сам од овој сон. Сакав да бидам толку добар фудбалер што никој не може да ме критикува. Се заљубив во спортот. Сега ми недостига фудбалскиот живот“, изјави по завршувањето на кариерата во која меѓу другото ја освои и титулата шампион на Финска.

Претходно имаше проблеми и со повреди, не успеа да го покаже својот талент, што секако влијаеше на неговата психа.

Беше и младински репрезентативец на Финска во сите помлади категории, а сега преку социјалните мрежи од него се збогуваат неговите пријатели и познаници, како и бројни навивачи и спортски работници во Финска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови