Македонската репрезентација назадуваше две места на најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација. „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 74. место, две позиции послабо од август, откако септемврискиот циклус од мундијалските квалификации го завршија без пораз, но не забележаа и ниту една победа на натпреварите со Ерменија, Исланд и со Романија.
Од ривалите на Македонија во квалификациите за Светското првенство, најдоброрангирана е Германија (14. позиција), Романија е на 42. место, Исланд се наоѓа на 60. позиција, Ерменија е 89-та, а Лихтенштајн е позициониран на 188. место.
Лидер на ранкинг – листата на ФИФА е селекцијата на Белгија, пред Бразил и пред Англија. Во првата „десетка“ се и селекциите на Франција, Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија, Мексико и на Данска.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski