Фудбалскиот клуб Париз избори промоција во Лига 1 по ремито 1-1 против Мартиг. Второто место во Лига 2 беше доволно за враќање на клубот во елитата на францускиот фудбал по 46 години отсуство. Последен пат Париз беше дел од најдобрите во 1979 година.
Пред една недела, место во Лига 1 обезбеди и Лориен. Вчера „мерлузите“ загубија со 1-2 на гостувањето кај Ајачио, но едно коло пред крајот на сезоната имаат предност од два бода пред ФК Париз.
Најдобриот пласман на ФК Париз во Лига 1 е 12. место во сезоната 1972/73.
Последен пат два клуба од главниот град беа заедно во елитата во сезоната 1989/90 – Пари Сен Жермен и Расинг.
Од следната сезона, ФК Париз ќе игра на стадионот „Стад Жан-Буен“, кој се наоѓа само 200 метри од „Паркот на принцовите“, домот на Пари Сен Жермен. Оваа географска близина го прави дербито едно од најблиските во светот, бидејќи двата клуба буквално го делат истиот кварт.
Ривалството меѓу ПСЖ и ФК Париз ветува нова динамика во парискиот фудбал. Со финансиска поддршка од фамилијата Арно, која поседува 55% од клубот, и Ред Бул со 15%, Париз гради амбициозен проект со цел да се етаблира во францускиот фудбал и да се спротивстави на хегемонијата на ПСЖ во главниот град и во Франција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













