Connect with us

Пирло: Во Лигата на шампионите се победува со памет и трпеливост

Продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите со реванш – натпреварите од осминафиналната фаза. Јувентус вечерва го пречекува Порто и се надева дека ќе ја надомести негативата (2-1) од првиот меч, а Борусија Дортмунд сака да ја задржи предноста (3-2) од дуелот против Севилја.     

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, вели дека овој меч ќе го одреди текот на сезоната за италијанскиот првак.

„Овие натпревари имаат сосема поинаква енергија, но треба да ги третирате како и секој друг важен натпревар. Треба да играте со памет за да го завршите натпреварот со резултат што ќе води во следната рунда. Ова ќе биде нашиот најважен меч во Лигата на шампионите. Мора да играме компетентно од техничка гледна точка, бидејќи ќе ни се спротивстави цврст противник. Тој не остава слободни зони помеѓу редовите и не дава време за размислување. Ќе ни биде потребна и трпеливост“, изјави Пирло.

Борусија Дортмунд има полесна задача со оглед дека славеше против Севилја на првиот меч во Шпанија. Но, тоа не значи дека Ерлинг Халанд и соиграчите ќе можат да се опуштат на вечерашната пресметка, тоа би можело да биде кобно за нив. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови