Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, ја започна прес-конференцијата пред натпреварите против Австрија во Лигата на нации со изразување жалење за трагедијата во Македонија.
Во голем пожар во животот го загубија најмалку 59 лица, а уште 155 беа повредени. По тој повод, Стојковиќ изрази сочувство до целиот народ на Македонија и до семејствата на настраданите.
„Пред да ја започнеме прес-конференцијата за претстојните натпревари, вчера се случи страшна несреќа. Незапаметена трагедија во Кочани, во Македонија. Сакам да изразам сочувство до народот на Македонија и до семејствата на настраданите. Ова е навистина голема, голема трагедија. Ќе предложам Фудбалскиот сојуз на Србија да стапи во контакт со Фудбалската федерација на Македонија за во наредниот период да организираме натпревар меѓу нашите репрезентации, кој би имал хуманитарен карактер и би послужил како поддршка. По нашите трагедии, уште една голема, но тоа е животот“, изјави Пикси Стојковиќ.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Халанд: Мечот со Англија е специјален за мене
Втора лига
Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички













