Connect with us

Пикси мора да направи принудна замена во составот кој ќе истрча против Швајцарија

Селекторот Драган Стојковиќ Пикси изјави дека сите играчи се подготвени за вечерашниот меч против Швајцарија, но, сепак, има еден проблем. Како што открива „Спортклуб“, стартниот централен стопер на српската репрезентација Милош Вељковиќ поради повреда на мускулот нема да може да им помогне на соиграчите во решавачкиот меч од групната фаза на Мундијалот, а неговото место во стартниот тим ќе го заземе Стефан Митровиќ.


Поради повреда Вељковиќ мораше предвреме да го напушти натпреварот против Камерун. Се очекуваше дека проблемите ќе бидат решени до денеска, но сепак Вељковиќ не е подготвен да биде во тимот против Швајцарецот.

Неговиот соиграч од одбранбената линија Страхиња Павловиќ, кој исто така се мачеше со повреда ќе биде во стартниот состав, а според најавите тимот би требало да биде следен: В. Милинковиќ Савиќ, Миленковиќ, С. Митровиќ, Павловиќ – Живковиќ, Гудељ, С. Милинковиќ Савиќ, Тадиќ, Костиќ – А. Митровиќ, Влаховиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови