Милован Петровиќ е нов член на Сутјеска, откако 29-годишниот играч за врска денеска потпиша едногодишен договор со црногорскиот првак. Петровиќ ланската сезона ја заврши како член на Работнички, но не се договори за продолжување на соработката откако „романтичарите“ не успеаја да обезбедат место во европските купови.
Неговиот договор ќе биде со важност од 1 август, што значи дека Македонецот ќе може да настапува за Сутјеска и во европските купови, без разлика дали Сутјеска ќе продолжи во квалификациите за ЛШ или ќе се префрли во квалификациите за Лигата на Европа. Петровиќ е четврто засилување на Сутјеска за новата сезона, по Дамир Којашевиќ, Александар Шофранц и Стефан Николиќ.
Милован Петровиќ има 29 години, а во кариерата има настапувано и за Тиквеш, Победа, Осијек во Хрватска и Лариса во Грција.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski