Родриго би можел да стане главна приказна на јануарскиот преоден рок и да го напушти Реал Мадрид во трансфер вреден 100 милиони евра, а конечната одлука за тоа ја донел Хаби Алонсо.
До минатата сезона, Родриго беше еден од најважните играчи на Реал Мадрид, но со доаѓањето на Килијан Мбапе, неговиот статус се промени.
Минатата сезона Бразилецот не добиваше многу минути на теренот, што предизвика сè повеќе шпекулации дека би можел да го напушти „кралскиот клуб“.
Тој одлучи да остане кога Алонсо дојде како нов тренер, но ни кај шпанскиот стратег неговиот статус не се промени. Поради тоа се очекуваше дека Родриго веќе во јануари би можел да ги спакува куферите.
Не е тајна дека многу клубови би сакале да го видат Родриго во својот тим, а најголем интерес покажаа Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити.
Сепак, иако се чинеше дека Родриго навистина може да замине во трансфер вреден 100 милиони евра, на крајот нема да дојде до тоа.
На изненадување на многумина, токму Чаби Алонсо беше оној што го стопираше заминувањето на Родриго, сметајќи дека тоа би била погрешна одлука и голем удар за Реал.
Во изминатите недели, Алонсо и Родриго конечно „кликнаа“, и шпанскиот тренер почна сè повеќе да смета на Бразилецот, сфаќајќи колку е важна неговата улога во тимот. Поради тоа, тренерот на Реал побара од Флорентино Перез да не ги зема во предвид понудите за Родриго и дека би било лудост да се продаде таков играч во јануари.
Шпанските медиуми јавуваат дека Родриго сигурно ќе остане во Реал најмалку до крајот на сезоната, а во најлош случај ќе замине следното лето ако неговиот статус не се промени.
Во досегашниот дел од сезоната, Родриго одигра 21 натпревар во сите натпреварувања, постигна два гола и забележа четири асистенции.
Родриго со „кралевите“ има договор до летото 2028 година, а во клубот пристигна пред скоро седум години од Сантос за 45 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













