Connect with us

Пепи Ѓоргиев потпиша за Академија Пандев

Македонскиот прволигаш Академија Пандев го ангажираше првото засилување во зимскиот преоден рок. Напаѓачот Пепи Ѓоргиев кој во првиот дел од сезоната настапуваше во Албанија и го носеше дресот на Теута, потпиша договор со „пандевци“.

Тој треба да биде замена за најдобриот стрелец во македонскиот шампионат Мартин Мирчевски, кој најавува заминување во странство.

Академија Пандев во наредните неколку дена ќе треба да пронајде ново решение за тренерската позиција откако Александар Васоски се договори да го преземе кормилото на босанскиот прволигаш Сараево.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови