Connect with us

Пеналите среќни за Австралија – „кенгурите“ патуваат на СП во Катар (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Австралија патува на Светското првенство во Катар откако успеа на пенали (5-4) да ја добие финалната плејоф – пресметка против Перу. Дуелот се играше во Ал Рајан во Катар, а и двете селекции многу повеќе внимаваа на сопствената мрежа, со оглед на значењето на натпреварот. Немаше голови.

По 120 минути игра немаше победник, па се прејде на изведување пенали. Иако прв не реализира Мартин Бојл, на крајот Австралијците успеаја да слават со 5-4 и извадија виза за мундијалот во Катар. За Перу пенали не реализира Луис Адвинкула и Алекс Валера.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови