Connect with us

Пелистер означи старт на подготовките, од 17 јануари продолжува во Анталија (ФОТО)

Пелистер го означи стартот на зимските подготовки со јасна амбиција – битолчани во пролетниот дел од сезоната да го надминат разочарувачкиот впечаток од есента и да покажат многу поконкурентно издание на теренот.

Во следните денови се најавуваат и неколку нови имиња во ростерот, по што екипата ќе замине на подготвителен камп во Анталија. До 17 јануари тренинзите ќе се одвиваат во Битола, а потоа тимот ќе ја продолжи работата во Турција, каде ќе престојува две недели.

Како дел од подготовките, Пелистер ќе одигра три пријателски натпревари: на 20 јануари против Спартак Суботица, на 24 јануари со Железничар од Босна и Херцеговина и на 28 јануари со узбекистанскиот Невбахор Наманган.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови