Connect with us

Пелистер освои бод против разнишаната Струга ТЛ

Пелистер успеа да извлече значаен бод против Струга Трим Лум играјќи 1-1 во 19. коло од Првата македонска лига. Со овој исход, битолчани направија чекор напред во битката за опстанок, а индиректно му оди во прилог и на Вардар, кој сега има девет бода предност во однос на стружани и сè појасно се профилира како главен претендент за титулата.

Натпреварот започна со иницијатива на домаќинот. Сепак. Струга ТЛ, по краток период на адаптација, ја воспостави препознатливата контрола и во 31. минута поведе преку Арби Воша. Набргу потоа, Марјан Радески се закани, но неговиот удар заврши покрај левиот дирек од голот на Јовчевски.

Во второто полувреме темпото остана динамично, иако во воведните десетина минути изостанаа посериозни можности.


Ос 70. минута, Струга ТЛ засили и почна поагресивно да притиска, но токму во тој период Пелистер ја искористи својата шанса. По една добро организирана акција, Лука Булатовиќ најдобро се снајде по одбиена топка и ја смести во празната мрежа на Анџелети за 1-1 во 73. минута, што е негов деветти погодок сезонава.

По ова коло, Пелистер има 20 бода, додека Струга ТЛ стигна до 42, но сѐ повеќе заостанува зад лидерот Вардар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови