Македонскиот прволигаш Пелистер продолжува со ангажман на засилувања за пролетниот дел од сезоната. По двајцата српски интернационалци, Пелистер денеска го претстави и поранешниот македонски репрезентативец Томче Гроздановски.
Тој доаѓа романскиот тим Конкордија, а претходно играше и за Силекс и Работнички. Има настапувано и за клубови од Хрватска и од Словачка.
Гроздановски сигурно ќе биде големо засилување за средниот ред на битолскиот прволигаш.
„Пелистер е голем клуб со богата традиција и верна публика и чест ми е што ќе го носам овој дрес. Атмосферата овие денови е одлична, се чувствува позитивна енергија и мотив кај сите во клубот. Дел од играчите веќе ги познавам, а останатите ме примија одлично, што многу ми значи. Моите очекувања се да дадам максимум на секој тренинг и натпревар и заедно со тимот да ги исполниме целите на клубот“, изјави Гроздановски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













