Пелистер го заокружи формирањето на стручниот штаб за новата сезона, кој ќе работи под водство на новиот шеф, Борче Христов.
Во неговиот тим ќе бидат искусни соработници кои ќе имаат важна улога во подготовката и развојот на екипата. Функцијата прв асистент ќе ја извршува Трајче Стојковски, втор асистент ќе биде Горан Ганчев, Илче Петровски ќе биде задолжен за работата со голманите, додека за физичката подготовка на фудбалерите ќе се грижи кондициониот тренер Саше Велјановски.
Од клубот очекуваат преку професионална работа, максимална посветеност и заедничка енергија да ги исполнат поставените цели и да изградат конкурентен тим. Засега најголеми засилувања се Мартин Мирчевски, Симеон Христов, Петар Љамчевски и Јорданчо Наумоски, останаа и Стефан Спировски и Кире Ристевски, како и неколку помлади фудбалери.
Амбициите на Пелистер се експресно да се врати во Првата лига.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













