Connect with us

Педро Поро сака да се врати во Шпанија, но досега не добил понуди од Реал и од Барселона

Десниот бек на Тотенхем, Педро Поро, откри дека во текот на изминатиот преоден рок немал конкретни понуди од Барселона и Реал Мадрид, иако интерес за неговите услуги постоел. Шпанскиот репрезентативец, сепак, не ја крие желбата еден ден повторно да заигра во својата татковина.

27-годишниот дефанзивец неодамна го продолжи договорот со лондонскиот клуб до јуни 2031 година, а во разговор за емисијата „Ел Ларгуеро“ призна дека враќањето во Шпанија е нешто што го посакува во иднина.

„Секако дека едвај чекам еден ден да се вратам во Шпанија. Тоа е мојата татковина и ми се допаѓа тамошното првенство. Но, во овој момент би било неправедно да зборувам за нешто друго освен за мојот клуб, бидејќи имам важечки договор. Тотенхем покажа голема почит кон мене, а тоа е взаемно“, изјави Поро.

Тој ги демантираше информациите дека Реал Мадрид и Барселона испратиле конкретни понуди за негов ангажман, иако призна дека одредени клубови се распрашувале за неговата ситуација.

„Не. Имаше интерес и се распрашуваа за мојата ситуација, но ништо конкретно. Имаше контакти од неколку клубови, но кога навистина сте заинтересирани за некој фудбалер, тогаш директно му се јавувате. Тоа не се случи. Имаше гласини, но јас бев целосно фокусиран на настапите за репрезентацијата и не сакав да им посветувам премногу внимание“, објасни шпанскиот дефанзивец.

Поро смета дека високата отштета што ја бара Тотенхем можеби ги одвратила потенцијалните заинтересирани клубови. Тој откри и дека договорот го продолжил пред Светското првенство, за да може мирно да се посвети на настапите на големиот турнир.

„Веројатно е така. Во клубот ме сметаат за еден од најдобрите фудбалери. Го продолжив договорот уште пред Светското првенство за да имам мир за време на турнирот, бидејќи ваквите работи можат сериозно да влијаат врз настапите“, порача Поро.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови