Челси продолжува да ги гради темелите за иднината, а еден од важните чекори е продолжувањето на договорот со Педро Нето.
Португалскиот репрезентативец стави потпис на нова соработка со лондонскиот клуб, со која се обврза на верност кон „сините“ до 2032 година.
Интересот за него не недостигаше ниту во текот на летото. Нето беше поврзуван со трансфер во Ал Хилал, но договор меѓу клубовите не беше постигнат. По пропаднатата можност за преселба во Саудиска Арабија, Челси експресно ги забрза разговорите за продолжување на соработката.
„Ова е фантастичен момент за мене. Од првиот ден кога пристигнав се чувствував како дома. Сакам да продолжам да остварувам големи успеси и да освојувам уште многу трофеи со Челси“, порача Нето.
Португалецот во Челси пристигна пред две години од Вулверхемптон и досега запиша 108 настапи за клубот, на кои оствари учинок од 40 голови и асистенции.
Во досегашниот период на „Стемфорд бриџ“ веќе има освоено два европски и светски трофеи – Светското клупско првенство на ФИФА и Конференциската лига на УЕФА.
Со продолжувањето на договорот, Челси испрати јасна порака дека Педро Нето е дел од долгорочниот проект на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













