Барселона продолжува да бара нов напаѓач кој би ја пополнил празнината по заминувањето на Роберт Левандовски, а најновото име на списокот на каталонскиот гигант е Вангелис Павлидис.
Според „Мундо Депортиво“, грчкиот репрезентативец, кој настапува за Бенфика, е меѓу главните кандидати за засилување на офанзивната линија на тимот на Ханси Флик.
Сепак, неговиот ангажман нема да биде лесен. Бенфика не планира да се раздели со својот најдобар стрелец, освен ако не добие понуда што целосно ќе ги задоволи нејзините финансиски барања.
Португалскиот клуб неодамна му поставил цена од околу 40 милиони евра на Јувентус за Павлидис, па јасно е дека Барселона ќе мора да издвои најмалку толку доколку сака да ги започне преговорите.
Павлидис одигра извонредна сезона во дресот на Бенфика, постигнувајќи 30 голови и шест асистенции на 53 натпревари во сите натпреварувања. Со таквиот учинок, грчкиот голгетер се наметна како еден од најбараните напаѓачи на трансфер-пазарот ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













