Connect with us

Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот

Србија нема да игра на Светското првенство 2026, откако загуби со 0-2 од Англија и не може да заврши повисоко од третото место во групата „К“ во квалификациите. Натпреварот на „Вембли“ беше деби за новиот селектор на Србија, Вељко Пауновиќ, кој го замени Драган Стојковиќ Пикси.

„Многу ми се допадна ангажманот на тимот. Бевме храбри, особено во второто полувреме. Во првото полувреме бевме организирани, а во второто – похрабри и многу пати имавме шанса да израмниме. Исклучително сум задоволен од духот на тимот, но не и од резултатот. За кратко време момците покажаа што очекувавме. Во голем натпревар против силен противник покажавме дека можеме да бидеме блиску до израмнување. Многу се радувам што бековите функционираа како што треба. И Мимовиќ и Терзиќ имаа тешки противници, но се справија, поддржани од поискусните играчи“, изјави Пауновиќ.

„Идејата во првото полувреме беше да не ги откриваме намерата со топката, но до полувремето практично им ја подаривме топката на Англичаните. Во второто полувреме го корегиравме тоа. Имавме доста корнери и пропуштивме една шанса во првото полувреме преку Костиќ“, додаде српскиот селектор.

Србите заостануваат четири бода зад Албанија, која ќе заврши на второто место во групата, а во последниот натпревар ќе ја пречека Летонија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови