Иднината на Пауло Дибала во Рома сè уште останува неизвесна, иако двете страни активно работат на продолжување на соработката. Според информациите на „Атлетик“, преговорите меѓу римскиот клуб и аргентинскиот напаѓач продолжуваат, но конечен договор засега нема.
Првата понуда што Рома му ја доставила на Дибала не била прифатена, по што од таборот на аргентинскиот репрезентативец пристигнала контрапонуда. Во разговорите со клубот активно е вклучен и неговиот претставник Карлос Новел, кој има важна улога во преговарачкиот процес.
Иако постои желба за продолжување на соработката, ситуацијата останува отворена бидејќи актуелниот договор на Дибала истекува на крајот од јуни. Тоа значи дека во наредниот период ќе мора да се донесе конечна одлука околу неговата иднина.
Во меѓувреме, интересот за искусниот офанзивец не изостанува. Според истите извори, еден клуб од англиската Премиер – лига внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да реагира доколку преговорите меѓу Рома и Дибала не завршат успешно.
Аргентинецот останува еден од најважните играчи во составот на римската екипа, па раководството на клубот ќе се обиде да најде заеднички јазик со фудбалерот и да го задржи на „Олимпико“ и во наредните сезони.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













