Connect with us

Паскал Грос се враќа во Брајтон – прв трансфер во Премиер-лигата за 2026

Паскал Грос на последниот ден од 2025 година го договори трансферот од Борусија Дортмунд во Брајтон, со што искусниот среден играч се враќа во клубот каде претходно остави силен белег.

Триесет и четиригодишниот Германец, познат пo можноста да покрие повеќе позиции на десната страна, во наредните 48 часа ќе ги помине лекарските прегледи, по што официјално ќе го потпише договорот со англискиот клуб. Овој трансфер е првиот во Премиер – лигата за 2026 година.

Грос во последниот период го носеше дресот на Борусија Дортмунд, но враќањето во Брајтон значи враќање во средината каде ги помина најдобрите години од кариерата и стана еден од клучните играчи на тимот. Се очекува неговото искуство и лидерство да бидат од големо значење за екипата во продолжението од сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови