Connect with us

Парите ќе ја победат љубовта? Меси потпишува за Ал-Хилал за неверојатни 1,2 милијарди долари

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси дефинитивно заминува од Пари Сен Жермен, а се чини дека веќе ja избра новата дестинација. Неговата судбина сѐ уште е неизвесна поради фактот што договорот со Пари Сен Жермен истекува на 30 јуни.


Францускиот „Фут Меркато“ објави информација дека претставниците на Меси ги договориле сите услови околу заминувањето во Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

Меси речиси сигурно ќе го одигра својот последен меч за ПСЖ во сабота против Клермон, по што, според изворот, ќе стане нов играч на Ал-Хилал.

Преселбата во Саудиска Арабија ќе му донесе неверојатни 1.200.000.000 долари за две години, што ќе биде најголемиот договор во историјата на фудбалот и спортот воопшто.

Тоа е повеќе од двојно повеќе од сумата што моментно ја заработува Кристијано Роналдо во Ал-Наср, а од овој потпис ќе заработат и претставниците на Лео, таткото Хорхе и братот, кои ќе ја добијат најголемата менаџерска провизија во историјата на фудбалот.

Иако навивачите на Барселона сѐ уште се надеваат дека Аргентинецот би можел да се врати на „Камп Ноу“, сепак целата ситуација дополнително ја усложнува нестабилната финансиска ситуација во Барса која без гаранцијата од Ла Лига не може да понуди сума од 50.000.000 евра бруто годишно, за која веќе се разговараше.

Со потписот за Ал-Хилал, Меси би поставил нови граници во светот на фудбалот, но тешко дека фудбалските фанови ќе бидат воодушевени од ваквата одлука…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови