Connect with us

Пари Сен Жермен го доведе Аклиуш на „Паркот на принцовите“

Европскиот првак Пари Сен Жермен го реализираше второто големо засилување во летниот преоден рок. Парискиот гигант официјално го комплетираше трансферот на францускиот репрезентативец Магнес Аклиуш од Монако за сума од 50 милиони евра.

Офанзивниот фудбалер потпиша петгодишен договор со ПСЖ и ќе биде дел од проектот на клубот за новата сезона.

Аклиуш (24) е фудбалер кој целата досегашна професионална кариера ја помина во Монако, каде што израсна преку клупската академија и постепено се наметна како еден од најдобрите играчи на тимот од Кнежевството. Неговите одлични настапи му донесоа и повик во француската репрезентација, а беше дел и од составот на „триколорите“ на последниот Мундијал.

Интересно е што ПСЖ првичниот план го имаше насочено кон доведување на големиот талент Јан Диоманде. Сепак, младата ѕвезда ја избра понудата на Реал Мадрид, кој за неговите услуги ќе издвои најмалку 125 милиони евра.

По неуспехот во трката за Диоманде, раководството на ПСЖ експресно реагираше и се насочи кон Аклиуш, во кого гледа важен дел од тимот за иднината. Французинот треба да внесе дополнителна креативност, брзина и офанзивен квалитет во составот на европскиот шампион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови