Connect with us

Папата Лав XIV стана почесен член на Реал Мадрид

Папата Лав XIV стана почесен член на Реал Мадрид, објави „кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Именувањето е извршено преку претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој пред неколку дена обезбеди нов мандат до 2030 година. Почесното членство е највисоката форма на поддршка за Реал Мадрид, тврди клубот.

„На овој начин, Реал Мадрид го изразува своето восхитување и признание за универзална личност која претставува милијарди луѓе и промовира мир, солидарност и правда низ целиот свет“, се вели во официјалното соопштение од Реал Мадрид.

Папата Лав XIV го посети стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред четири дена. Во Мадрид велат дека овој ден е посебен за нив во долгата и богата историја на клубот.


Папата Лав XIV е Американец и неодамна беше откриено дека Реал Мадрид е неговиот омилен клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови