Удинезе ја прекина соработката со Коста Рунјаиќ, кој по нешто повеќе од две години го напушти тренерското место во италијанскиот прволигаш.
Последниот убедлив пораз од Рома (2-5), во саботниот натпревар, се покажа како пресуден за германскиот стратег со полско потекло. Незадоволството од резултатите го натера раководството на клубот од Удине да му врачи отказ.
Удинезе експресно го реши и прашањето за неговиот наследник. Нов тренер на екипата ќе биде Паоло Занети, кој потпиша договор до крајот на актуелната сезона, со можност за продолжување на соработката до 2028 година.
Занети има значително искуство во италијанскиот фудбал. Во досегашната тренерска кариера ги предводеше Судтирол, Асколи, Венеција, Емполи и Верона, со која се раздели во февруари годинава.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?
Евро-фудбал
Лорис Кариус од следната сезона во Баерн Минхен?













