Македонскиот второлигаш Тиквеш во пролетниот дел од сезоната се враќа на Градскиот стадион во Тиквеш. Теренот е реновиран, дел од трибините се исто така обновени, иако Јужата трибина се уште е во изградба. Но, како што вели новиот шеф на стручниот штаб Пане Блажевски, многу е важно што Тиквеш веќе нема да настапува во Росоман и во Неготино.
„Од спортски аспект можам да кажам дека е многу важно за тимот што се враќа и домашните натпревари ќе ги игра во Кавадарци. Теренот е реновиран, фудбалерите ќе имаат добри услови за да прикажат допадлив фудбал. Можеби ни недостига уште еден квалитетен играч за врска за да бидеме поофанзивни, но очекувам фудбалерите да ја прифатат и да ја реализираат мојата филозофија за офанзивен фудбал“, изјави тренерот Пане Блажевски.
Капитенот Ѓорѓи Мојсов вели дека Тиквеш пролетва ќе ја нападне првата позиција на Брегалница.
„Секако дека ќе ја нападнеме првата позиција на Брегалница иако седум бода и не се мала негатива. Но, ќе одиме од натпревар во натпревар и се надеваме на успех“, изјави Ѓорѓи Мојсов.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski