Connect with us

Пандев тука ли е? Капитенот ја предводи Македонија, а на испраќањето го „снема“ на фотките од ФФМ (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија замина за Букурешт, а тимот го предводи капитенот Горан Пандев. Но, на фотографиите тој речиси и да е незабележлив. На групната фотографија направена пред заминувањето во хотел „Хилтон“, тој е „претопен“ некаде во најгорните редови, наместо да стои веднаш до селекторот Игор Ангеловски и до спортскиот директор Дени Масев.

Го нема на ниту една фотографија од ФФМ од заминувањето, дури ни од пристигнувањето на аеродромот. Македонија треба да се гордее дека Горан Пандев е предводник на националниот тим кој ќе има историски настап на Европско првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови