Џенова е тимот што прв успеа да му земе скалп на Јувентус во „Серија А“ сезонава, а најзаслужен за тоа дефинитивно е Горан Пандев.
Македонскиот ас влезе во игра во второто полувреме и самиот донесе победа на својот тим, учествувајќи во двата гола на Џенова од тримфот од 2-0. Пандев асистираше до Стураро при водечкиот погодок за Џенова, за потоа самиот да стави точка на натпреварот со извонреден удар од петнаесетина метри на асиститенција на Куаме.
Доказ дека Пандев се уште е велемајстор на фудбалската игра, кој има што да понуди и во Џенова и во македонската репрезентација.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski