Connect with us

Пандев му одговори на Мрме: Се јави шарлатанот, замислениот Наполеон, големиот „патриот“…

Изборот на нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија донесе „дуел надвор од теренот“. И тоа меѓу поранешниот селектор Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев.
Своевремено беа заедно против Мухамед Сејдини, сега се раскараа јавно на Инстаграм.

Поранешниот селектор Игор Ангеловски ја нападна Kомисијата која поднесе предлог за Гоце Седлоски да биде нов селектор, а во која беа Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ, Горан Пандев – директор на Национални репрезентации, Николче Новески – раководител на Скаутинг службата на ФФМ, Агим Ибраими – член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски – потпретседател на ФФМ.

Но, веднаш доби „контра“ од Горан Пандев.

„Се јави големиот селектор, големиот „патриот“. Не дочека ни 6 часа да почне да плука. Замислениот Наполеон. Експерот кој во последните години во ниеден клуб не се задржа повеќе од 2-3 месеца. Шарлатан кој секогаш се става во прв план. Ајде со мене во пензија, доста ти беше, поминато времето на шуто и рогато во ФФМ“, објави Горан Пандев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови