Португалскиот репрезентативец Жоао Палиња би можел да го напушти Баерн Минхен веќе ова лето, само една сезона по неговото пристигнување од Фулам. Според германските медиуми, баварскиот гигант не е задоволен од придонесот на дефанзивниот играч за врска и е подготвен да го стави на трансфер-листата.
Баерн плати 51 милион евра за Палиња во летото 2024 година, но под водство на новиот тренер Венсан Компани, тој не успеа да се наметне како стартер и најчесто е користен како резервна опција. Досега оваа сезона, Португалецот настапи на 21 натпревар во сите натпреварувања.
Дополнително, конкуренцијата во средниот ред ќе се зголеми со пристигнувањето на младиот Том Бишоф од Хофенхајм, што уште повеќе ја намалува улогата на Палиња во плановите на Компани.
Иако Баерн се надева дека ќе врати барем дел од вложените средства, останува нејасно дали некој клуб ќе биде подготвен да плати блиску до сумата од 50 милиони евра. Самиот Палиња, пак, сака да остане и да се избори за своето место, но шансите за тоа сè повеќе се намалуваат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата













