Винисиус Жуниор, според сè изгледа, донел одлука да остане во Реал Мадрид. Преговорите за нов договор со „кралскиот клуб“ веќе започнале и се очекува исклучително брза реализација и потпис.
Наскоро во светот на фудбалот би можел да падне еден од најголемите потписи во историјата. Иако во изминатиот период интензивно се шпекулираше за можен заминување од Мадрид, од тоа нема да има ништо и Винисиус и во наредните години ќе го носи дресот на гигантот од шпанската престолнина.
Реал и Винисиус повторно се на преговарачка маса. За разлика од претходните месеци, кога ниту една страна не попушташе, сега сè е блиску до конечен договор.
„Директните преговори меѓу Вини Жуниор и Реал Мадрид се во тек. Вини се чувствува важен и среќен во клубот, за разлика од периодот кога тука беше Чаби Алонсо. Поддршката од страна на Алваро Арбелоа е клучна“, наведува „АС“.
Се очекува договорот да биде финализиран многу брзо. Двете страни ќе се најдат „на средина“, па Бразилецот ќе заработува околу 27 милиони евра годишно.
Претходно Вини бараше повеќе од 30 милиони евра годишно, сума која ја има Килијан Мбапе, додека клубот нудеше нешто повеќе од 20 милиони. На крајот, договорена е бројка прифатлива за двете страни.
Се очекува во наредниот период официјално да биде објавено дека Винисиус Жуниор ќе остане член на „кралевите“ во следните пет години.
25-годишниот напаѓач е дел од Реал од 2018 година, кога пристигна од Фламенго за 45 милиони евра и израсна во една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













