Connect with us

Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ

Феран Торес е на чекор од преселба во Пари Сен Жермен, откако француските медиуми објавија дека ПСЖ и Барселона постигнале договор за трансферот на шпанскиот напаѓач.

Двата клуба ги усогласиле главните детали за трансферот на 26-годишниот фудбалер, а Барселона ќе добие 55 милиони евра, вклучувајќи ги и договорените бонуси.

Во следниот период треба да се финализираат уште неколку детали, по што Торес ќе ги помине лекарските прегледи и ќе стави потпис на договорот со францускиот клуб.

Шпанскиот репрезентативец во Барселона пристигна пред пет години, а во текот на последната сезона имаше одлична статистика. На 33 натпревари во Ла Лига постигна 16 голови, со што привлече сериозно внимание од европските гиганти.

ПСЖ во Торес гледа решение за засилување на нападот по заминувањето на неколку фудбалери. Гонзало Рамош се пресели во Милан, додека Рандал Коло Муани и Канг-Ин Ли исто така го напуштија „Паркот на принцовите“.

Доколку последните детали бидат брзо договорени, Торес наскоро и официјално ќе стане нов член на ПСЖ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови