Бруно Гимараеш ќе биде ново засилување на Арсенал. Лондонскиот клуб пред неколку дена ги договорил личните услови со бразилскиот репрезентативец, а потоа започнал интензивни преговори со Њукасл околу висината на обештетувањето.
„Чавките“ првично ја одбиле понудата од 80 милиони евра, но Арсенал испратил подобрена понуда вредна 90 милиони евра, која раководството на Њукасл конечно ја прифатило.
Медицинските прегледи на 28-годишниот играч за врска веќе се закажани за утре, по што трансферот треба и официјално да биде комплетиран.
Со доаѓањето на Гимараеш, Арсенал ќе добие едно од најголемите засилувања во средниот ред, бидејќи Бразилецот веќе неколку сезони важи за еден од најдобрите играчи на својата позиција во Премиер – лигата.
Од друга страна, Њукасл продолжува да останува без своите клучни фудбалери. Пред Гимараеш клубот веќе се раздели со Сандро Тонали и Ентони Гордон, а претходно тимот го напушти и искусниот Киран Трипие.
Со заминувањето на бразилскиот репрезентативец, реконструкцијата на составот на Њукасл добива уште поголеми размери, додека Арсенал испраќа јасна порака дека и следната сезона ќе атакува на сите трофеи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













