Connect with us

Падна договор: Бруно Гимараеш прави трансфер во Арсенал за 75 милиони фунти

Арсенал и Њукасл конечно постигнаа договор за трансферот на Бруно Гимараеш. Иако минатата недела англиските медиуми објавија дека зделката е завршена, преговорите продолжија, а денес и официјално беше потврден договорот.

„Топчиите“ ќе платат 75 милиони фунти за капитенот на Њукасл. Бразилскиот репрезентативец доби дозвола да отпатува на лекарски прегледи, по што ќе го комплетира трансферот во редовите на англискиот шампион.

Гимараеш моментно се наоѓа во Шпанија, каде што Њукасл ги одработува подготовките, но по постигнатиот договор неговото внимание веќе е насочено кон новиот предизвик во Арсенал.

Играчот уште претходно му соопштил на раководството на Њукасл дека сака да се пресели во Арсенал доколку пристигне соодветна понуда. По првичните несогласувања околу висината на обештетувањето, двата клуба се договорија за сума од 75 милиони фунти. Од трансферот ќе профитира и Лион, кој ќе добие 20 проценти од сумата, односно околу 6 до 7 милиони фунти.

Заминувањето на Гимараеш е уште еден показател дека Њукасл влегува во нова фаза на трансферската политика. Претходно клубот ги продаде и Ентони Гордон во Барселона, како и Сандро Тонали во Тотенхем, што предизвика загриженост кај навивачите дека инвестициите во тимот ќе бидат значително намалени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови