Connect with us

Падна договор: Бернардо Силва ќе стане „крал“

Бернардо Силва кариерата ќе ја продолжи во редовите на Реал Мадрид. Португалскиот репрезентативец ќе потпише двегодишен договор со „кралскиот клуб“, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.

Ангажманот на искусниот играч за врска бил реализиран по изречно барање на новиот тренер на мадридскиот гигант, Жозе Мурињо.

Силва го напушта Манчестер Сити по осум успешни години минати на „Етихад“, а на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне како слободен агент, без обесштетување.

За неговиот потпис сериозен интерес покажувале и Барселона и Атлетико Мадрид, кои подолг период биле во контакт со неговите претставници. Сепак, во последните 48 часа во трката се вклучил и Реал Мадрид, а конечната одлука на фудбалерот била да работи под водство на Мурињо.

Во сезоната што измина, Бернардо Силва настапи на 53 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и запишувајќи пет асистенции.

Со неговото доаѓање, Реал продолжува активно да го засилува тимот за новата сезона. Претходно клубот веќе ги обезбеди потписите на Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови