Connect with us

Ова е можно само во Англија: Шестолигашот Маклесфилд му ја симна круната на актуелниот победник Кристал Палас (ВИДЕО)

Кристал Палас, актуелниот бранител на трофејот во најстарото фудбалско натпреварување, гостуваше кај англискиот шестолигаш Маклсфилд. Лондонскиот клуб беше голем фаворит, но домаќините од Националната лига Север приредија големо изненадување, победувајќи ги „орлите“ со 2-1.

Со тоа најслаборангираниот клуб во третото коло од ФА Купот направи сензација каква што не се случила цели 117 години. Поточно, за првпат од 1909 година еден нисколигаш успеа да го победи актуелниот бранител на трофејот уште во првата рунда во која се вклучуваат екипите од елитата.

Големата победа на домаќинот, кој од клупата го предводи братот на Вејн Руни – Џон, ја обезбеди Пол Досон во 43. минута, а во вториот дел на 2-0 зголеми Исак Бакли, кој по една мешаница постигна атрактивен гол со петица.


Почесниот погодок за Кристал Палас го постигна Јереми Пино во 90. минута. По крајот на натпреварот, навивачите влетаа на теренот и заедно со фудбалерите го прославија историскиот триумф.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови