Францускиот дневен весник „Le Monde“ објави колкава плата прима претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повикувајќи се на официјални даночни документи кои светската фудбалска федерација секоја година мора да ги доставува до американските власти.
Инфантино е на чело на ФИФА од 2016 година, кога го наследи Сеп Блатер, а од тој момент неговите примања континуирано растат. Со текот на годините, платата на првиот човек на светскиот фудбал достигна нивоа споредливи со оние на врвни фудбалери или тренери во најсилните европски лиги.
Новинарите на „Le Monde“ ги анализирале т.н. даночни декларации „формулар 990“, кои ФИФА, како швајцарска непрофитна организација ослободена од данок во САД од 1994 година, е обврзана редовно да ги поднесува до Американската даночна служба (IRS).
Според податоците во овие документи, ФИФА во 2024 година му исплатила на Инфантино нешто повеќе од 6 милиони долари годишно преку плата, бонуси и други надоместоци. Прецизно, станува збор за 6,133 милиони долари, односно околу 5,27 милиони евра.
Од вкупната сума, 2,954 милиони долари се основна плата, 1,874 милиони долари бонуси, 1,148 милиони долари се водат како „други пријавени надоместоци“, додека 155 илјади долари се издвоени за пензиски и одложени исплати.
За споредба, пред осум години ФИФА пријавила примања од околу 1,5 милиони долари за Инфантино, што значи дека за помалку од една деценија неговата заработка е зголемена повеќе од четирикратно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













