Connect with us

Османи: Имаме осум бода предност, но битката за трофејот не е завршена

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи сосема очекувано е задоволен по победата во дерби пресметката против Вардар на стартот од пролетната сезона со која тетовци прават значителен чекор плус кон шампионската титула.

Османи по дуелот под Шара нагласи дека неговиот тим сосема заслужено стигнал до триумфот, но мора да се остане приземен затоа што првенството е се уште долго…

„Заслужено дојдовме до триумфот. Во првото полувреме комплетно доминиравме, имавме целосна контрола и се стекнавме со предност. Во вториот дел само повеќе рутински ја задржавме победата. Но, не смее да има никаква еуфорија затоа што долго е првенството, битката за титула се уште не е решена има уште многу натпревари“ – вели Османи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови