Connect with us

Османи: ФФМ има обврска да го користи уставното име

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на средба со првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, честитал за дебитанското учество на репрезентацијата на Европското првенство, но и посочил за обврските околу употребата на новото уставно име на државата.


„Централна тема на средбата беа предизвиците со кои се соочува именувањето на националната фудбалска федерација како и фудбалската репрезентација на земјава. Османи посочи на законските обврски за примена на уставното име за организациите кои ја преставуваат земјата и кои било каков начин примаат дотации или друг вид финансирање од државата. Соговорниците се согласија дека на оваа тема ќе ѝ пристапат со добра волја и позитивен пристап, со цел да се надминат сите несогласувања и предизвици кои се појавуваат“, соопштија од МНР.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови