Осман Дембеле нема дилема околу тоа кој треба да ја освои „Златната топка“, но изборот на францускиот ас може да ги изненади фудбалските фанови.
Ѕвездата на Пари Сен Жермен, која и самата се наоѓа во најтесниот круг кандидати за најпрестижното индивидуално признание, смета дека наградата повторно треба да остане во Париз.
„Не мислам дека оваа награда е отворена. Мислам дека ќе остане во рацете на фудбалер на ПСЖ“, порача Дембеле.
Но, кога требаше да ги избере своите три фаворити, Французинот не се посочи себеси. Неговиот избор падна на Хвича Кварацхелија, Хари Кејн и Килијан Мбапе.
„Кварацхелија, Хари Кејн и мислам Килијан Мбапе“, кратко одговори Дембеле.
Французинот има едноставно објаснување зошто не се најде на сопствената листа.
„Никогаш не се ставам себеси во вакви работи. Ако јас гласам, не гласам за себе.“
Сепак, Дембеле не ги заборави ниту останатите фудбалери кои оставија силен впечаток во изминатата сезона. Меѓу нив ги издвои Мајкл Олисе, Ламин Јамал и Фабијан Руиз.
„Мајкл Олисе би можел да биде тука бидејќи имаше неверојатна сезона, Ламин Јамал, Фабијан Руиз…“
Посебно место на неговата листа има и еден фудбалер кој можеби не се споменува често во кругот на фаворити – неговиот соиграч Вилијан Пачо.
„И Пачо. Се надевам дека годинава нема да го заборавиме“, додаде Дембеле.
Сите погледи сега се насочени кон 26 октомври и церемонијата во Лондон, кога ќе биде познат новиот освојувач на „Златната топка“.
Дембеле ја брани титулата, откако минатата година беше крунисан за најдобар фудбалер во светот по фантастичната сезона со ПСЖ. Зад него тогаш завршија Ламин Јамал и Витиња.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













