Connect with us

Осман Дембеле е најдобар играч и во изборот на ФИФА, заедно со Аитана Бонмати

Фудбалерот на ПСЖ, Осман Дембеле, ја доби наградата за најдобар играч во 2025 година на ФИФА „The Best“.

Францускиот фудбалер претходно ја освои „Златната топка“, а со наградата „The Best“ само потврди дека беше најдобар изминатата сезона.

Познат е и најдобриот тим според ФИФА, кој го сочинуваат: Донарума, Хакими, Пачо, Ван Дајк, Мендеш, Палмер, Белингем, Витиња, Педри, Дембеле и Јамал.

Во женска конкуренција, најдобра е шпанската фудбалерка Аитана Бонмати.

За најдобар тренер во 2025 година е избран Луис Енрике од Пари Сен Жермен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови