Connect with us

Ориги ги мина лекарските прегледи и потпишува за Милан

Напаѓачот Дивок Ориги ги помина лекарските прегледи пред да го комплетира трансферот во Милан, што ќе биде прво ново засилување за италијанскиот шампион.


Белгискиот репрезентативец синоќа пристигна во Милано, а утрово ја посети локалната клиника Ла Мадонина на задолжителните медицински тестови.

Тој ќе потпише договорот со „росонерите“ на четири сезони со годишна плата од 3,5 милиони евра.
Ориги пристигнува на „Сан Сиро“ како слободен играч, бидејќи неговиот договор со Ливерпул истекува на крајот на јуни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови