Connect with us

Опа бато, Вардар можеби и ќе го продаде Мато: Хартс сака да го купи до крајот на јануари

Шкотскиот прволигаш Хартс, кој е лидер на табелата во тамошниот шампионат, не се откажува од желбата да го доведе напаѓачот на Вардар, Роџерс Мато, уште во текот на зимскиот преоден рок. Иако со играчот веќе има преддоговор да пристигне како слободен агент по завршувањето на сезоната, што би значело дека Вардар би останал без финансиска надокнада, Шкотланѓаните сакаат да го добијат Мато и за вториот дел од оваа сезона.

Преговорите со македонскиот клуб продолжуваат, а Вардар сепак ќе има шанса да наплати значителна сума за својот репрезентативец на Уганда.


Претходната официјална понуда на Хартс од 300.000 фунти (околу 350.000 евра) беше одбиена, а Вардар побара 1,5 милион евра.


Со јавната објава на Хартс дека има преддоговор со Роџерс Мато да дојде како слободен агент налето, преговорите сега се очекува да продолжат со посериозен пристап од страна на Вардар, кој ќе се обиде да обезбеди најдобра можна трансфер-компензација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови