Шкендија сè уште нема одредено каде ќе ги игра домашните натпревари во новата сезона, иако реконструкцијата нa Градскиот стадион во Тетово е во тек. Поради градежните работи, тетовскиот клуб најверојатно ќе мора привремено да настапува на друг терен, но засега нема официјално пријавено алтернативен стадион.
На денешниот брифинг претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, откри дека федерацијата понудила финансиска поддршка за реновирањето на стадионот во Тетово, но таа била одбиена од клубот.
„Шкендија од Тетово нема пријавено нов стадион за новата сезона, иако нивниот стадион се реновира. Ние најавивме поддршка од 700.000 евра за изградба на трибините во Тетово. Сепак, на состанок со претставник од управата на Шкендија добив одговор дека не им е потребна помош. Не сум човек што ќе моли некого да прифати поддршка“, изјави Омерагиќ.
Останува да се види како клубот ќе го реши прашањето со домашниот терен пред стартот на новата сезона. Во меѓувреме, Шкендија ќе се обиде да остави зад себе една неуспешна сезона во која остана без трофеј, завршувајќи на второто место во Првата македонска фудбалска лига и со пораз во финалето на Купот на Македонија.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













